Дома Останато Бев во маркет денес – она што го видов нема да го...

Бев во маркет денес – она што го видов нема да го заборавам никогаш

Чекав на каса кога во еден момент дојде една девојка, имаше можеби околу 24-25 години и и се обрати на касиерката. Прво нешто тивко и рече, а кога оваа гласно и рече “МОЛАМ?!”, тогаш ја слушнав и јас.

-Ве молам, дали ја гледате онаму старата баба со внуката? Еве, ви давам 4000 денари и ве молам кога ќе дојде на каса да и кажете дека е некаков јубилеен купувач и дека може за 4000 денари да си купи што сака. Ве мола, дали сакате тоа да го направите?

Касиерката ја гледаше некое време со неверување, а потоа ги зеде парите, се насмеа и рече:

Секако дека сакам, дали треба да и кажам дека парите се од вас? Дали ја познавате?

А девојката рече дека не ја познава бабичката, првпат ја гледа, ама дека на минување ја слушнала кога и рекла на внуката дека нема пари за да и купи чоколадо на внуката, дека имаат само за леб и паштета…

Бев потресен од она што го слушнав и видов. Малку е да се каже колку бев воодушевен од постапката и ми беше жал во моментот немав доволно пари во мене, ама штом бидам во прилика, и јас истото ќе го направам. Морав ова да го споделам со вас…