Дома Uncategorized Зоран Заев по средбата со Мицкоски: Разочаран сум

Зоран Заев по средбата со Мицкоски: Разочаран сум

Премиерот Зоран Заев истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за ЈО, која траеше до раните утрински часови и не беше постигнат договор.

„Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата, но за жал тоа не се случи. Тие не отстапуваат од матрицата уште од Пржинскиот договор, Преспански договор.

Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Кај Мицкоски има само едно барање – амнестија за случаите од претходниот режим. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата, но за жал без успех“, истакна Заев.

Loading...

„ЈО да остане како што е, односно да не одлучуваат Заев и Мицкоски беше нашиот предлог. Со тоа да и излеземе во пресрет на опозицијата, и предлогот да дојде од нив, па да оди во Парламентот, па на крај да дојде во Советот на јавни обвинители. Дадовме предлог тоа ново обвинителство да е независно и да ги има сите ресурси и да истражува висока корупција, да формира нови, но и да работи на старите случаи.

Тоа значи дека може да го гони и Заев како градоначалник од 2015, но и да отвора нови предмети”, рече премиерот Заев.

Loading...