Дома Македонија Заев откри што барал Мицкоски: Тоа беше невозможно

Заев откри што барал Мицкоски: Тоа беше невозможно

Со опозицијата не дојдовме до договор синоќа, поради тоа што нив не ги интересираат граѓаните. Ова го истакна премиерот Заев во своите први впечатоци од лидерската средба.

„Се соочувавме со невозможно барање. Тие бараат предметите да дојдат до нивна контрола. Бараат криминалот да го заташкаат и не ги интересира нити ЕУ нити интересот на граѓаните. Тоа е целта што сакаат да ја постигнат, затоа е тешко да се постигне договор.

Жал ми е што Мицкоски и опозицијата живеат заробени во претходното раководство. Понудивме формирање на ново обвинителство, но нив не ги интересира борба против корупцијата. Нив ги интересира да се заташкаат предметите. Новото обвинителство треба да отвора предмети, дали против мене, дали против друг, тоа не е важно. Опозицијата да увиди колку е важно државните интереси да бидат над партиските интереси. Нема компромиси околу тие прашања. Правна држава мора да има“, рече Заев.

„Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата, но за жал тоа не се случи. Тие не отстапуваат од матрицата уште од Пржинскиот договор, Преспански договор. Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Кај Мицкоски има само едно барање – амнестија за случаите од претходниот режим. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата, но за жал без успех“, истакна Заев.