Дома Македонија Јовески откри како се напишани писмата на Катица Јанева

Јовески откри како се напишани писмата на Катица Јанева

Tрите дописи со кои специјалната обвинителка Катица Јанева дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното Обвинителство се напишани на рака, вели за „360 степени“ државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Јовевски ги отфрла тврдењата кои во јавноста ги изнесоа универзитетскиот професор Гордан Калајџиев и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, на кое, таа наводно со рака нешто допишала.

Loading...

Калајџиев во настап на ТВ Телма дури побара и одговорност од директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ и формирање собраниска комисија за преиспитување на случајот.

„Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.

Извор: 360 степени.

Loading...