Дома Македонија До 3 часот по полноќ преговорите не беа завршени – најверојатно СЈО...

До 3 часот по полноќ преговорите не беа завршени – најверојатно СЈО оди во историјата

До три часот утринава сѐ уште траеа преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во уставната сала на Собранието. Според информациите пред околу три часот, преговорите се вжештиле повторно околу старото барање на ВМРО-ДПМНЕ, но овојпат директно кажано од Мицкоски.

Според извори на СДК, меѓу преговарачите, Мицкоски побарал предистрагите, истрагите и обвиненијата поведени по 30 јуни 2017 година да запрат со изрична законска одредба која би се вметнала во Предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа бил само еден од условите од Мицкоски за да гласа ВМРО-ДПМНЕ за законот, кој се носи со двотретинско мнозинство.

СДК дознава и дека Заев и министерката за правда Дескоска не прифаќаат таков предлог, со образложение дека опстанокот на предметите на СЈО до нивното конечно расветлување, се бенчмарк кој се очекува од Македонија да го исполни, за да може да очекува датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Некаде околу 2.30 часот по полноќ, новинарите, поради отсуство на информации од преговорите зад затворени врати и од бесцелното чекање часови и часови, се договорија и си заминаа од Собранието колективно сите.