Дома Балкан Оваа држава не може да се замисли без Македонци – нашите се...

Оваа држава не може да се замисли без Македонци – нашите се најбројни сезонски работници

Македонците се најбројни сезонски работници во Црна Гора. Во овој момент во земјата се потребни околу 18.000 работници, за да се задоволат потребите за работна сила, а причина за недостигот од работници е фактот што Црногорците не сакаат да работат за плата од 500 евра, колку што најчесто се заработува месечно на приморјето.

Како што информираат тамошните медиуми, газдите се принудени да увезуваат работници и тоа најчесто од Македонија, Србија и од Босна и Херцеговина.

Македонските работници се ценети сезонски работници во Црна Гора. Посебно се барани врвните градежни мајстори кои над десетина и повеќе години работат на изградба на најлуксузни хотели, станбени згради, бензиски пумпи и други објекти.

За разлика од минатите години кога странците од соседството во Црна Гора сезонски се вработуваа само со лична карта, новите прописи и новиот закон од 2009. година сето тоа го усложнија. Значи работодавачот во Црна Гора има обврска исто да ги третира и домашните и странски сезонци. Постапката е сложена и чини околу 300 евра и затоа многумина од нив одлучуваат да вработат и работници на црно.

Голем број од нив се и од Македонија, но не може и да се знае точната бројка. Бирото за вработување и надлежните министерства на Црна Гора се‘ повеќе се залагаат првенствено да се вработат невработените Црногорци кои ги има повеќе од 30 илјади. Но бидејќи тие ги избегнуваат овие тешки работи и како меѓу нив има многу малку квалификувани мајстори, келнери, готвачи, ѕидари и тесари, тие се принудени да вработуваат сезонци од други земји.