Дома Македонија Мухамед Зеќири – Се повеќе Албанци се приклучуваат кон СДСМ

Мухамед Зеќири – Се повеќе Албанци се приклучуваат кон СДСМ

Се повеќе Албанци се приклучуваат кон СДСМ, вели пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири во емисијата #10МИНУТИ на ТВ21.

Зекири од СДСМ, по седницата на Комисијата за избори и именувања, рече дека очекува и на пленарната седница сите пратеници да гласаат едногласно за разрешувањето на Катица Јанева од функцијата специјален јавен обвинител.

– Жалиме што седницата не беше отворена. Не треба да бидеме загрижени дека во извештајот има многу нешто што јавноста не знае. Се надеваме дека маглата ќе биде расчистена наскоро со почеток на судската постапка – рече Зекири и додаде дека не жали што дал поддршка за СЈО.

Loading...

– Вината е индивидуална, ако некој се огреши треба да одговара. Јанева сите ги разочара, и дадоа поддршка и власта и опозицијата – рече Зекири.

На прашањето, што ќе биде понатаму, дали ќе се назначи в.д. претседател на СЈО или ќе се избере нов, тој рече дека се очекува за ова прашање да има решение во партиските преговори за предлог законот за ЈО што се водат меѓу партиите.

Loading...