Дома Македонија Можна најава за брзи избори – што ќе донесе вечерашната лидерска средба

Можна најава за брзи избори – што ќе донесе вечерашната лидерска средба

Иако Заев отфрла итно соочување со народот, сепак на менито на преговарачката маса вечерва покрај решението за СЈО, ќе се најде и барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

– На таа средба, на тие преговори јас ќе ја наметнам темата и сакам да разговарам и за предвремени парламентарни избори.

Нели блескаме, нели анкетите се добри, се е како што треба во државата, ајде да видиме дали навистина е така или можеби ова претставува уште еден блеф од страна на господинот Заев и СДСМ а во насока на зајакнување на меѓупартиските редови кои што според нашите информации трпат огромна штета, порача Мицкоски во изјава за Алфа.

Албанските парламентарни партии пак негодуваат зошто биле исклучени од вечерашнава лидерска средба, па контра бараат лидерска ама во присуство на меѓународната заедница, бидејќи никој не можел да зборува во име на Албанците.

Целиот текст прочитајте го на Алфа