Дома Македонија (ФОТО) Дали ова е прва фотка од Катица Јанева во Шутка –...

(ФОТО) Дали ова е прва фотка од Катица Јанева во Шутка – ја објави Миленко

Специјалната обвинителка Катица Јанева доби мерка притвор во траење од 30 дена, како трета осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Јанева како обвинител нема имунитет, иако јавнообвинителската функција е со доживотен мандат.

Таа веднаш беше пренеена во истражниот затвор во Шутка.

Есад Рахиќ, директорот на Истражниот затвор Скопје во Шутка во разговор за „Радио Слободна Европа“ зборувше за условите во оваа институција, како и за Катица Јанева.

„Госпоѓа Катица Јанева не е во женско одделение, таа е во еден посебен оддел каде што според безбедносната проценка на затворската управа има друг третман, од безбедносен здравствен и секаков друг аспект“, откри Рахиќ а во продолжение објасни:

„Во принцип, ниедно притворено лице не е само, секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа што станува збор за личност која била специјален јавен обвинител, посебен општествен интерес, бидејќи тоа така брзо е направено, ние сметавме дека во еден временски период треба да направиме комплетна безбедносна и здравствена проценка и слично и госпоѓата да биде сместена на адекватно место“.

Новинарот Миленко Неделковски сподели фотографија и напиша:

Наводно ова била Катица во Шутка.
Тазе фотка.
М?