Дома Македонија Eдна седмица бојкот во скопско училиште: Нема услови, нема вода, кучиња, крави...

Eдна седмица бојкот во скопско училиште: Нема услови, нема вода, кучиња, крави и коњи шетаат

Зирија е во трето одделение, а Хирија во прво. Неколку дена тие како и другите учениците доаѓаат до училишниот двор на школото Ѓерг Кастриот Скендербег во селото Мојане, општина Арачиново, но не влегуваат внатре. Нивните родители одлучија нивните деца да ја бојкотираат наставата. Училниците се празни, а наставникот доаѓа секој ден со надеж дека учениците ќе се вратат во училишните клупи и дека ќе продолжи наставата.

-Секој ден кога доаѓам на работа овие девојчиња ме прашуваат дали денеска ќе се отвори училиштето. Децата се многу умни и имаат желба но се соочуваат со проблеми. Немаме никакви услови. Ова е нашата иднина, децата се иднината-рече Руфки Селими.

Наставата се одвива во комбинирани паралелки. Трето одделение и петто учат заедно а второ заедно со четврто. Наставникот Несмир Сулејмани вели дека тешко е да се предава на комбинирани класови и затоа учениците не покажуваат успешни резултати.

Loading...

-Јас како наставник работам со 21 ученик во комбинација со трето одделение и петто. Колешката работи со второ и четврто, со 17 ученици. Голем товар е занас наставниците но и за учениците да го следат наставно-образовниот процес. Невозможно е да има успех и затоа родителите се незадоволни бидејќи тие очекуваат успех од своите деца а и ние очекуваме резултати, но многу е тешко-вели Сулејмани.

Училишниот двор не е ограден. Тука пасе стадо овци, затоа е нечисто, нема кој да исчисти.

„Не е ограден, нема вода, никакви услови нема. Видете лепешки има. Има кучиња, крави, коњи. Дете од прво одделение е мало, можат да го згазат. Куче може да го касне. Каде да бараме одговор, каде да се жалиме? Никој не се интересира за нас“, вели Шерифи, жител на селото.

Целата сторија проследете ја на ТВ 21

Loading...