Дома Македонија Ни празник, ни делник: Градежните работници се жалат – ако не работиме...

Ни празник, ни делник: Градежните работници се жалат – ако не работиме веднаш ќе следи отказ

Или по цел ден на работа, или веднаш отказ – Државниот празник за градилиштата е работен ден, без празнична дневница и без оброк, се пожалија градежниците пред камерата на Алфа, кои речиси по цел ден висат на скеле.

Ни празник, ни делник, ниту пак слободен викенд – градежниците работат секој ден од утро до мрак, иако знаат дека газдите го кршат Законот, но велат приморани се, зашто ќе останат без работа.

Градежните работници се пожалија и дека немаат никаква поддршка и заштита од државата, па затоа како што велат мора „да црнчат“ по цел ден за да го прехранат семејството, зашто друг избор нема.

Loading...

И додека Законот не важи за многу градежни фирми кои со полна пареа работат и за празник, градежните инспекции никаде ги нема да излезат на терен, и ако ништо друго да се прошетаат по градежните објекти, каде ќе забележат многу повеќе случаи.

Цлата сторија проследете ја а Алфа ТВ

Loading...