Дома Балкан Заменик министер на Косово: Многу држави поради Србија го повлекоа признавањето

Заменик министер на Косово: Многу држави поради Србија го повлекоа признавањето

Заемник премиерот на Косово во оставка и заменик претседател на Демократската партија на Косово (ДПК) Енвер Хоџај во емисија на КТВ кажа дека од „една соседна земја“ добиле информации дека „Србија ја засилува кампањата за повлекување на признавањата“ и спомна и средства за тоа.

„Тринаесет држави го повлекоа признавањето. Ние реба прво да го сфатиме карактерот на нашата државност. Ако бевме членка на ОН признавањето ќе беше универзално. Во ситуацијата во која сме, кога една држава ќе го признае Косово, треба да се воспостават дипломатски односи.

Некои од нив се претерано ранливи“, кажа Хоџај и додаде дека дијалогот со Србија имал за цел, меѓу другото, да му донесе нови признавања на Косово.

Хоџај, кој во два мандати од 2010 година беше министер за надворешни работи на Косово, кажа дека на Приштина ѝ треба надворешна политика која има оперативен план и стратегиски пристап, и подвлече дека повлекувањата на признавањето на Косово треба да бидат спречени.