Дома Македонија Новинарот Горан Милиќ откри кој е првиот човек кој рекол дека Македонија...

Новинарот Горан Милиќ откри кој е првиот човек кој рекол дека Македонија мора да биде независна држава

Љубчо Георгиевски беше спомнат како „лидер на македонската независност“ и во една од емисиите на Al Jazzera телевизија каде што пишуваа дека токму тој е најзаслужен за независноста на Македонија.

Според новинарот на телевизијата Горан Милиќ, Георгиевски е првиот човек кој рекол дека Македонија мора да биде независна држава, да има своја валута и армија.

Легендарниот ТВ- новинар и уредник на патеписи Горан Милиќ (73) иако е 8 години формално во пензија, се враќа на екраните на хрватската национална телевизија со репортажа од Куба „Cuba si, Cuba no”, а планира да напише и книга за сите патувања по кои стана популарен и со кои 80 пати ја обиколи земјината топка.

Loading...

Во моментов, со сопругата, новинарката Ана, Милиќ, со синот Марко, портпарол на Хрватската влада, и ќерката Лана Марија, адвокат, Милиќ, син на дипломат, ужива во малото туристичко место Слано покрај Дубровник.

Откако во 2011 година се прости од ХТВ и формално замина во пензија, едно време работеше во Сараево, на телевизијата Ал Џезеира, а последните три години главно снимал по Хрватска и во регионот.

Loading...