Дома Македонија Тричковски: Осми септември не е остварување на вековните идеали на македонскиот народ

Тричковски: Осми септември не е остварување на вековните идеали на македонскиот народ

Бранко Тричковски: ,,Убава земја. Не е лесно да се живее во држава во која еден милион граѓани и сељаци секое утро, пред да си ги измијат забите, го прашуваат огледалото:

Огледалце, огледалце, која е најусраната земја на светот!?А огледалцето, гледа во усмрдениот човек пред себе и одговара: Македонија, чедо мое! Македонија е велелепна земја и држава.

Освен во убавата клима и позитивната географија, тајната на нејзината велелепност е народот кој секој миг со најголемо задоволство ја клука и плука. Како ситни колибри на кои слонот им е крив што не се орли.

Loading...

Осми септември не е остварување на вековните идеали на македонскиот народ, многу е заебана работата со тие идеали, па дури и со самиот народ кој низ транзицијата убаво покажува дека неговите идеали се многу поприземни, туку добра, паметна, можеби, и среќна ориентација во историскиот простор и во конкретното историско време. Среќен празник!”

Loading...