Дома Македонија Јоци: Ќе не` искара со Бугарите побегуљата во Будимпешта

Јоци: Ќе не` искара со Бугарите побегуљата во Будимпешта

Статус на Јорданка Ивановска Јоци:

Ќе не` искара со Бугарите побегуљата во Будимпешта со неговите мрачни и ретроградни писанија од станови на разузнавачи, во кои живее.

Напишал повторно жива досада, чаршаф, кој никој не го чита.

Loading...

Но, некаде при крај, кога ќе скролате, е следното.

Владеењето на Александар Стамболиски го нарекол режим, а за Бугарите тој е секако – реформатор.

Од друга страна, Стамболиски, го потпиша Нејскиот мировен договор, кој за Бугарите и ден-денеска е катастрофичен.
Со тој договор, општина Струмица и околината, излегоа од окупираните територии и се вратија во границите на Македонија. И останаа до ден-денешен.

Да не го потпишеше Нејскиот договор, Заев, ќе се родеше во бугарска Струмица и немаше да биде премиер на Македонија после Груевски.

Причинско-последични врски.

Ете, затоа на овој, Стамболиски, му е режим во 2019 – та. Се` друго му е млатење празна слама. Заглавен е во филмот на Тодор Александров.

Loading...