Дома Македонија Жално – Некогашното детско одмаралиште во Берово пропаѓа пред очите на туристите

Жално – Некогашното детско одмаралиште во Берово пропаѓа пред очите на туристите

Како сцена од хорор филм наликува детското одморалиште „Суви лаки“ на планината Огражден – Беровско.

Објектот во кој своевремено се слушаше детски џагор, сега е обраснато со трева, уништена столарија, демолирани инсталации. Со осомостојувањето на државата почна распадот на овoj комплекс во кој има повеќе објекти и се простира на околу 3.500 метри квадратни. Станува збор за имот на државата кој никако не успеа ниту најде начин да го рестартира одморалиштето.

Од Министерството за труд и социјална политика не конкретизираа кој се грижи за овој државен имот и кои се идните планови. На доставените прашања одговорија дека се разгледуваат можните решенија.

Loading...

„Суви лаки“ последен пат беше ставено на продажба во 2015. кога била направена проценка дека неговата вредност изнесува 14,5 милиони денари, но објектот не се продаде.

„Министерството ги разгледува сите можности што ќе прави со овој објект“ – одговорија од Министерството за труд и социјална политика.

Одморалиштето се наоѓа на локалитет кој изобилува со чист воздух, одлична природа. Своевремено беше хит за летување и настава во природа за децата и учениците. Во рамките на ова одморалиште има неколку објекти кои сите се во руинирана и очајна состојба.

Извор ТВ 24.

Loading...