Дома Останато За баба Лидија и за победа над неизлечивата болест

За баба Лидија и за победа над неизлечивата болест

Приказната раскажана од сестрата Лидија удира во длабочината на душата. Овој случај се случил во Белорусија, меѓутоа, не се знае во кој град. Приказната за победа над неизлечивата болест – карцином.

Сестрата Лидија ја слушнала оваа приказна од лекарот парохијар во нашата црква,кој ја набљудувал излечената жена. Таа беше болна од карцином.Болеста беше тешка,методите за третман не помогнаа.

По тестирањето, станува јасно дека лекот практично ништо не можеше повеќе да помогне. Старицата беше осудена на тешка и болна смрт, ја отпуштија од болница на домашно лечење. И кажаа да се врати после три недели да направат други тестирања.

Наскоро се случи голема трагедија. Ќерката и зетот на оваа жена погинаа во сообраќајна несреќа, оставајки петгодишна керка.

Три недели оваа жена ја утешуваше својата внука, таа самата не плачеше. Еднаш во една толку тешка состојба, жената, подигнувајки ги рацете нагоре,низ солзи запраша: Господи! Морам да живеам! Да ја подигнам и воспитам својата внука!

Жената се врати во болница на преглед и лекарите не открија никаков карцином. Жената се опорави! Болеста исчезна.

Молитвата и свеста за потреба да излеземе од таков ќор-сокак создадоа чудо! Барајте и ке ви биде дадено. Но многу зависи од пламенот на молитвата.

Некаде слушнав приказна за една жена која стои пред икона во празен храм. Одеднаш, се појавува еден ангел и кажа:
Зошто викате така силно? Целото небо се стресе од твоите молитви! Но таа жена дури и не шепотеше пред иконата.