Дома Останато Познатиот газда најавува: Наскоро ќе работиме три дена неделно

Познатиот газда најавува: Наскоро ќе работиме три дена неделно

Кинескиот милијардер Џек Ма, основач на Алибаба, има интересни предвидувања за иднината на пазарот на трудот.

И покрај тоа што во своите јавни настапи го испофали кинескиот модел на екстремна работа според кој работниците работат по 72 часа неделно, се чини дека кинескиот милијардер Џек Ма конечно се вразуми.

Како што пренесува Јутарњи лист, Ма изјавил дека луѓето треба да работат само 12 часа неделно, секако, со помош на вештачката интелигенција.

Со технолошкиот напредок и реформите во образовните системи, Ма смета дека нашето работно време би можело да биде многу пократко.

Моќта на електричната енерија е во тоа што на луѓето им дава повеќе време така да можете навечер да одите на караоке или танц. Мислам дека луѓето поради вештачката интелигенција ќе имаат уште време да уживаат во животот, – рекол Ма.

Според него, во наредните 10, 20 години, секое човечко битие, државата, владата, би требало да се фокусираат на реформата на образовниот систем, осигурувајќи дека нашите деца можат да најдат работа, работа за која се потребни само три дена во неделата.

Тој предупредува дека доколку не дојде до промена на тековниот образовен систем, сите ќе се најдеме во неволја.