Дома Македонија Шефот на „Дурмо“ што манипулирал бил само со основно образование и претходно...

Шефот на „Дурмо“ што манипулирал бил само со основно образование и претходно осуден

Во Кривичниот суд во Скопје утрово почна судењето за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, во која животот го загубја 16 патници. На обвинителна клупа седнаа сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, Ремзи Мифтари, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски, вработени во „Дурмо турс“.

Предметот го застапува скопскиот обвиниетел Дарко Јакимовски, а го судат Дијана Груевска – Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии-поротници.

Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк во „Дурмо турс“, кој е еден од обвинетите за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 беа повредени, имал само основно образование и бил претходно осудуван. Ова го кажа обвинителот Дарко Јакимовски во воведните зборови на денешното прво рочиште во Основниот суд Скопје 1 за големата трагедија која се случи лани.

„Мифтари немал ниту еден ден стручна обука или курс или каква било компетенција, раководел и управувал со работењето на превозникот“, продолжи обвинителот Јакимовски.

По налог на Мифтари биле ставени уреди за манипулација во тахографот, а возачите ги активирале со прекинувач за да не се прикаже реалната брзина на движење. По несреќата, кај два автобуси биле извадени уредите за манипулација на брзината.