Дома Македонија Кирацовски: Се видов со Бранко Героски – ми призна

Кирацовски: Се видов со Бранко Героски – ми призна

Пратеникот на СДСМ Александар Кирацoски по расптот во Обвинителството за организиран криминал и корупција даде изјава за медиумите, во која, меѓу другото рече дека не се препознава во ликот со псевдоним Кики, за кој зборува во своите приказни новинарот Бранко Героски.

Не, јас не сум Кики. Се видов со новинарот Бранко Героски и, нека ми прости, ама ми призна дека за мене направил фаул, рече Кирацовски одговарајќи на новинарски прашања.

Кирацовски пред новинарите кажа дека денеска ја извршил својата граѓанска должност и како лице од кое се барале посебни информации бил во Јавното обвинителство, ги споделил сите информации за одредени настани со кои тој располага и се надева дека од денес ќе завршат лажните вести, манипулациите и инсинуациите кои, според него, нанесоа одредена штета на самата истрага.

„Нормално одведоа и во друг правец и нанесоа штета на недолжни луѓе. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само фактите, аргументите и она што е вистината.

Не можете предолго да ги криете ниту сонцето, ниту месечината, ниту вистината и од денес сите тие моменти кои значеа штета врз одредени личности се надевам дека ќе запрат. Процесот верувам дека ќе биде транспарентен, правичен и реален како и досега и дека сите што се огрешиле од законот ќе одговараат“, изјави Кирацовски.

Тој рече дека се смета за апсолутно недолжен и дека ниту е член ниту од него било побарано да стане члена на Меѓународниот сојуз.