Дома Македонија Катица Јанeва од затвор испрати ново писмо – самата ги реши сите...

Катица Јанeва од затвор испрати ново писмо – самата ги реши сите дилеми

Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затворот Скопје го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули, пренесува Сител.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево.

Loading...

Оставката која Јанева ја напишала рачно, доаѓа во ист ден со одлуката на Комисијата за избори именувања која едногласно реши да му предложи на Собранието да ја разреши.

Јанева и вчера напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното обвинителство.

Во јули на денот на апсењето на Боки 13 Јанева поднесе одложена односно условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом партиите изберат нов специјален обвинител.

Loading...