Дома Македонија Боки 13 повторно заврши во болница – познато на што се жалел...

Боки 13 повторно заврши во болница – познато на што се жалел сега

Утринава Бојан Јовановски поради болки во желудникот примен на Клиниката за торакална хирургија.

Првоосомничениот во „Рекет“, Боки 13 утринава со полицска придружба бил примен на Клиниката за торакална хирургија во Клиничкиот Центар

Тој се жалел на болки во желудникот потврди за Сител директорот на установата. Му била дадена соодветна терапија и препорака за дополнителни испитувања.

Во секој меомент треба да ја напушти Клиниката и повтроно ќе биде вратен во истражниот затвор во Шутка.

Ова му е второ доаѓање на торакална и во вторникот поради здравствени проблеми бил на преглед во Клиниката.

Ова е трет пат како Јовановски од притвор се носи на клиника. Засега е неизвесно дали ќе биде задржан на лекување.

Боки 13, како осомничен во случајот „Рекет“ повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка. Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.