Дома Македонија Богојески: Лидерите на опозицијата се под контрола на Зоран Заев

Богојески: Лидерите на опозицијата се под контрола на Зоран Заев

Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата, деновиве објави колумна во која повика на македонски општествен договор, наречен „Македонски концепт“. Станува збор за политичка платформа која инсистира на обединување на опозицијата, но и на нејзино прочистување од старите практики и грешки. Во разговор за Дојче веле тој ги објаснува целите на оваа платформа.

Кој стои зад оваа идеја?

Ние сме политички активисти, со различна етничка, национална или политичка определба, но обединети околу идејата за заедничка просперитетна иднина. Секако, една од алатките на дејствување се и капацитетите на ВМРО- ДПМНЕ, но и на сите оние кои ќе се приклучат на оваа платформа.

Loading...

Дали овој турбулентен политички период е соодветен за трасирање на најавениот „Македонски концепт“?

Секоја криза е шанса за нов почеток, нова енергија. Кризата во која се наоѓа Македонија нужно го отвара прашањето – како понатаму без опозиција? Мој став е дека голем дел од моменталните „лидери“ на опозицијата се под контрола на Зоран Заев. Такви луѓе нему му одговараат да бидат опозициски лидери, како на пример лица со повеќе од две кривични пријави, а со тоа ранливи и лесна цел на власта. Од таму и таа опседнатост на „опозицијата“ со СЈО. Демократијата е нефункционална без вистинска опозиција.

Потребна е понуда во таа насока. Македонскиот концепт, како платформа или политичка програма е всушност понуда за опозициско обединување и дејствување, наспроти владејачката коалиција. Отворена за поединци, организации, партии… На граѓаните им е потребна реална опозициска понуда, која ќе биде вистинска алтернатива на власта и ќе овозможи политички промени во државата.

Целата сторија проследете ја на „Дојче Веле на македонски јазик“.

Loading...