Дома Свет Американка се обидела да внесе бебе во авион во рачен багаж

Американка се обидела да внесе бебе во авион во рачен багаж

Американска државјанка моментално се наоѓа во притвор на Филипините зошто се обидела да ја напушти земјата со бебе кое го ставила во рачен багаж.

Мелвин Мабулак, портпаролка на Филипинскиот кабинет за имиграција рече дека примиле дојава дека на аеродромот во Манила е уапсена 43-годишна државјанка на САД со дете во багажот. Како што се наведува, бебето е старо само 6 дена.

Жената на персонал им рекла дека патува сама и го имала само својот пасош, но кога службениците и го прегледале рачниот багаж, го пронашле бебето.

Американската државјанка во тој момент почнала да тврди дека му е тетка на бебето, но за тоа не претставила никакви докази.

Случајот е предаден на филипинското Одделение за борба против трговија со луѓе и во тек е истрага.