Дома Македонија Каракамишева: Јас не ли сум жена? Каде беа од СДС да ме...

Каракамишева: Јас не ли сум жена? Каде беа од СДС да ме бранат мене кога ми упаѓаа во амфитеатар

Статус на Тања Каракамишева:

,,Гледам денес цело СДС се мобилизирало да ја брани министерката за финансии од “сексистичките” изјави на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ па си помислив добро бре оваа групација “борци за човекови права” реагира само за нивните партиски жени или се грижат за правата на сите жени?

Чуден ми е овој селективен однос на одбрана само за “своите цури”…или другите се помалку жени од нивните жени, а?

Loading...

Еве јас да си прашам за мене, каде ли беа овие “борци” кога ме нарекуваа фашист или кога ми упаѓаа во амфитеатар на сред предавања?

Ах тие двојни/тројни аршини, секогаш некој е повеќе вреден од другиот.”

Loading...