Дома Македонија Инспекторот Илиевски кој ги откри тројцата функционери на ДУИ, утрово добил непријатно...

Инспекторот Илиевски кој ги откри тројцата функционери на ДУИ, утрово добил непријатно изненадување

Просветниот инспектор Ѓорги Илиевски, кој обелодени дека тројца функционери на ДУИ, министерот за образование Арбр Адеми, заменикот министер за внатрешни Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули, против законски се стекнале со повисоки наставно – научни звања, утрово добил решение со кое се пресраспоредува на друго работно место.

Тој е на новото работно место како советник-државен просветен инспектор за инспекциски надзор и оценување на квалитетот во воспитно-образовни институции во Скопски плански регион.

Тој обвинува дека станува збор за одмазда и дека наместо надлежните институции да постапат по неговите наоѓања тие се пресметуваат со него. Го обвини и премиерот Заев дека ги штити функционерите.

Loading...

Илиевски повеќе не е виш инспектор за високо образование, откако комисија за водење дисциплинска постапка за дисциплински престап во Државниот просветен инспекторат предложи, а директорот Томе Спировски донесе решение за распоредување и определување плата на државен службеник.

Loading...