Дома Македонија Славјанка, првата македонска жена пилот проговори за својата голема страс – летањето

Славјанка, првата македонска жена пилот проговори за својата голема страс – летањето

Со три авиони од класата цесна и три едрилици, како првичен капацитет, денеска започна со работа првиот приватен авио хангар во Штип и Македонија. Сопственикот, познатиот и признат штипски пилот Раде Ивановски најави скорешно отворање и на првата приватна школа за професионални пилоти во земјава.

Изрази на безрезервна подршка на иницијативата и стартот на овој цивилен воздухопловен комплекс денеска даде Славјанка Дојчиновска, првата македонска жена пилот.

„Имам 98 лета со едрилица и 11 лета со авион. Така, летовите со авион ги реализирав во придружба на колега пилот. Првиот лет го имав пред безмалку половина век“ изјави Славјанка Дојчиновска – пилот.

Loading...

Подршка и од најстариот штипски и македонски активен пилот, 83 -годишниот Иван Стојанов

„Последен пат, така да кажам сум бил во воздух, односно, пилотирав лани ова време. И секоја година кога доагам во Штип, не ја пропуштам можноста да седнам во една од Цесните на аеро клубот Штип и во придружба на млад колега пилот да направат еден круг над мојот роден Штип“, изјави Иван Стојанов – пилот.

Инаку, покрај Киро Аџи Арсов, Киро Грашчев и остан атата плејада штипски познати и признати воздухопловци, се уште активен цивилен пилот, кој е капетан на Боинг 737 за националната воздухопловна компанија на Руанда е Раде Ивановски.

Денеска, Раде и неговите колеги имаа и авио презентација на неговата ескадрила на спортскиот аеродром Сушево.

Целата сторија проследете ја на ТВ Стар.

Loading...