Дома Македонија Се ближи крајот на евтините авионски летови – заборавете на карта од...

Се ближи крајот на евтините авионски летови – заборавете на карта од под 50 евра

Листата на 10-те најголеми емитувачи на јаглероден диоксид во Европа на првите места нема големи изненадувања: електрани на јаглен се редат една по друга, од кои 7 најштетни се во Германија. На десеттото место не е производител на струја, туку втората најголема авиокомпанија во Европа, „Рајанер“.

Со само две патувања на европски дестинации во годината, веќе се добива половината од 2,7 тони јаглероден диоксид кои според Научниот совет на сојузната германска влада се максимално дозволивиот годишен буџет по глава на жител.

Токму „Рајанер“ со смешните цени за авиобилети придонесува во огромна мера за тоа луѓето во Европа и на други места во светот да се одлучат да патуваат со авион.

Loading...

Пратениците на ЦСУ во германскиот Бундестаг сега очигледно сакаат да се спротистават на „дампинг цените” на авиокомпаниите кои нудат евтини летови: „Девет евра билет за лет во Европа ниту има врска со пазарна логика, ниту со заштита на климата”, вели Александар Добринт за весникот „Билд”. Затоа предлага на авиобилети под 50 евра да се воведе „казнен данок”.

Речиси и да е исклучена можноста дека навистина ќе се воведе таков данок, но сепак се поставува прашањето: дали е поминато времето на евтините летови?

Целата сторија проследете ја на „Дојче Веле на македонски јазик“.

Loading...