Дома Uncategorized Миленко: Само пушинг систем е на сцена

Миленко: Само пушинг систем е на сцена

Loading...

Статус на Миленко Неделковски:

Што се буниш, бе па ти?!

А, рамото што ти е помодрено од тапшање и од браво-брату, ама-им-го-плесна, брату-со-тебе-сум, брату-јас-исто-само-деца-имам-знаеш…

Пацовите, и оние партиските, секогаш ќе преживеат (нуклеарни катаклизми или партиски прегрупирања, се едно) и надвладеат. И, на крајот ќе се нахранат со мршата од бившиот лидер, величајки го актуелниот.

Мерит систем тука нема. Само пушинг систем е на сцена.

Што се буниш, бе па ти?!А, рамото што ти е помодрено од тапшање и од браво-брату, ама-им-го-плесна, брату-со-тебе-сум,…

Публикувахте от Миленко Неделковски в Събота, 31 август 2019 г.

Овој негов коментар доаѓа надоврзан на статусот кој го напиша Александар Пандов, а во кој меѓу другото се вели:

Партиски активен бев во периодот од 1993 до 2003. Практично со завршување на конгресот во Охрид во мај 2003 и доаѓањето на чело на партијата на Никола Груевски, завршуваат сите мои партиски функции и партиска активност.

Од друга страна сосема на кратко, меѓутоа чувствувам за потребно да ве потсетам дека во периодот од крајот на 2014 година и започнувањето на најжестоките напади од страна на СДС и шарените, кои со огромна помош на соросовите медиумски платеници и невладин сектор, секојдневно го черечеа Груевски и ВМРО, бев во првата линија на одбрана. Во исто време додека протестираа разулавените толпи на шарените, на 500 метри од нив сум држел говори со ГДОМ во чија организација одев и на трибини низ цела Македонија, битки водев на социјални мрежи, а бога ми и по телевизиски дебати.

Го правев тоа со сето срце и снага што ја имам. И да нема никој дилема, да се врати времето, а јас да сум со овој памет повторно истото би го правел. Зошто? Затоа што борејќи се во тоа време за Груевски и ВМРО, јас се борев за Република Македонија и против се ова што сега за жал ни се случува со Заев и СДС.

Loading...