Дома Останато Како живеат НАШИТЕ во Германија: Работам за 2 илјади евра, а станче...

Како живеат НАШИТЕ во Германија: Работам за 2 илјади евра, а станче од 50 квадрати го плаќам 500 евра, живот празен и без пријатели

Последниве години актуелна е темата „да се оди во Германија или друга развиена земја, за подобар живот“. Додека едни заговараат заминување без разлика на се’, други тоа го оспоруваат и тврдат дека никаде не е подобро од земјата во која си роден и каде си израснал.

Како изгледа животот на печалба раскажува една девојка која минатата година заминала во Германија во потрага по подобар живот.

-Отидов да работам во една болница близу Диселдорф и задоволна сум. Платата ми е 2000 евра. Имам доста слободно време, а некогаш и премногу. Тукушто добив седум слободни денови.

Работната седмица е 40 часа исто како кај нас. Условите за работа се одлични, исто така и платата. Се’ е платено – ноќните смени, празниците, боледувањата. Единствено, ако си подолго од четири седмици на боледување добиваш 80% од платата, но добиваш и финансиска помош за лекови и нега, ако си тешко болен.

Цените се слични како кај нас. Бремените жени примаат полна плата во текот на трудничкото боледување и имаат право на три години отсуство после раѓањето на своето дете.

Што се однесува до животот, цените во продавница речиси се исти како кај нас, нешто е малку поскапо, нешто поевтино. Комуналиите се поскапи, но и тоа зависи од локацијата. Колку станот е поблиску до големите градови, толку се поскапи сметките.

Стан од 50 квадрати го плаќам 490 евра, а тука влегуваат сите сметки освен струјата која чини 50 евра месечно. Во текот на годината ако потрошам помалку ќе ја вратат претплатата.“

Дали е подобро да се отиде или да се остане – знаат само оние што заминале и го искусиле тоа, но едно е сигурно: и едната и другата опција носат многу добри но и лоши работи…

Дефинитивно „Германските евра“ од една страна животот го прават поубав, но… животот без семејната куќа, дворот, улиците, градот, родителите, фамилијата, пријателите…. го прават многу тажен и празен…

Фото: Илустрација