Дома Свет Од оваа есен 137 училишта без ниту едно првачe – 12 школи...

Од оваа есен 137 училишта без ниту едно првачe – 12 школи добиваат катанец

Шокантните размери на демографскиот бродолом и иселувањето од Хрватска најдобро се гледаат по испразнетите училници, а во учебната 2019/2020 година состојбата би можела да биде и полоша отколку досега, пишува слитска „Слободна Далмација“.

Според податоците на Министерството за наука и образоваие, врз основа на податоците од канцеларијата на државната управа од јуни годинава, дури 137 основни училишта во Хрватска учебната година ќе ја почнат без ниту едно прваче.

Поради тоа, но и поради намален број ученици во другите одделенија, оваа есен ќе бидат затворени вкупно 12 подрачни училишта.

Инаку како што е познато Хрватска е членка на ЕУ, а по влегување во неа следеше масовно иселување. За жал и нашата држава не е далеку од овој проблем кој зема и ќе зема се поголем замаф.