Дома Македонија СДСМ: Дали во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради исказот на Зоки Кичеец

СДСМ: Дали во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради исказот на Зоки Кичеец

Соопштение за јавност ос СДСМ:

Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конфернции.

Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец.

Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ? Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.

Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата.

Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има.