Дома Свет Големи се шансите Германија да влезе во рецесија

Големи се шансите Германија да влезе во рецесија

Германската економија не покажува знаци на закрепнување во летниот квартал, констатираше во понеделникот тамошната централна банка Bundesbank, предупредувајќи на можност од техничка рецесија по благиот пад на активностеи во второто годинешно тримесечје.

Во периодот од април до јуни германската економија се намалила за 0,1 отсто во однос на претходното тимесечје, соопшти минатата седмица германското федерално биро за статистика Destatis.

Според тоа, доколку падот на активностите продолжи и во летните месеци, Германија технички ќе биде во рецесија. „Вкупните економски активности би можело повторно благо да паднат“, предупредуваат од централната банка.

Главната причина за континуираното подзапирање на активностите се слабиот извоз и континуираниот пад на индустриското производство, додека потрошувачката и градежниот сектор ги поткрепуваат стопанството.

Допрва треба да се види дали извозот и индуструјата ќе закрепната пред со себеси да ги повлечат и домашните показатели, како што се вработеноста и потрошувачката, истакнуваат од Bundesbank.

Извозно ориентираната германска индустрија ја кочат забавувањето на светската економија и неизвесноста којашто ја генерираат трговската војна меѓу САД и Кина, како и скорешното излегување на Велика Британија од Европската унија. Дополнителен тег претставуваат структурните промени во автомобилската индустрија коишто ги носи преминот на електричните мотори.

Сепак, Германија има простор во својот буџет за борба против кризите. Министерот за финансии Олаф Шолц истакна во неделата дека Германија има доволно простор во буџетската рамка за борба против економските кризи, навестувајќи дека владата за дополнителни трошоци би можела да обезбеди до 50 милијарди евра. Шулц признава дека во владата се дискутира за потрошувачка финансирана со задолжување. Истакнува, сепак, дека во добрите времиња државата мора да живее во рамките на своите можности, меѓу другото и за да може да интервенира во лошите времиња.

Се очекува дека уделот на германскиот долг во бруто домашниот производ (БДП) годинава да падне на околу 58 отсто, од минатогодишните 60,9 отсто. Тоа би значело дека ќе се лизне под најголемото дозволено ниво во Европската унија од 60 отсто и ќе ѝ даде на владата повеќе простор за флексибилност во идната поторшувачка, истакнуваат аналитичарите на агенцијата Reuters.

„Значи, доколку уделот на долгот во БДП-то во Германија е понизок од 60 отсто, тоа ни дава простор со цела сила да ѝ се спротиставиме на кризата“, вели министерот за финансии Шолц. Потсетува дека глобалната финансиска криза 2008/2009 година Германија ја чинеше околу 50 милијарди евра, и додава „Мораме да можеме да собереме толку (пари). Ние тоа го можеме, тоа е добрата вест“, истакна.

Во министерството за финансии на Германија одбиваат да го коментираат медиумскиот извештај од петокот, според кој Берлин е подготвен да ја укине пропишаната обврска за урамнотежување на буџетот и да се задолжи а да ја спречи можната рецесија.

Неименуван владин функционер уште на почетокот од август за Reuters изјави дека во минситерството за финансии размислуваат за издавање обврзници во согласност со поформалните прописи за кочењето на задолжувањето и дека имаат намера тие пари да ги употребат за финансирање на програмата за заштита од климатските промени.

Loading...