Дома Останато Сергеј Варошлија емотивно му го честиташе роденденот на Боки 13

Сергеј Варошлија емотивно му го честиташе роденденот на Боки 13

Стилистот Сергеј Варошлија со емотивен статус на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на Бојан Јовановски:

„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да неможе да ја прими искрената честитка…“, пишува Сергеј Варошлија во емотивната честитка на Фејсбук за неговиот другар Боки 13 кој денеска слави 33. роденден во затворот во Шутка, каде што одлежува нови 30 дена притвор за случајот „Рекет“.

Во честитката, Варошлија посветува посебен фокус на добрината и човечноста на Бојан Јовановски, како и на нивното искрено другарство, како што вели, од оние ретките, што во животот се бројат на една рака.

„Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство и пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!

Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а ‘сите’ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше ‘што, како, зашто…’ заслепени од тие ‘прашања’ неможеа да ја видат неговата суштина и човечност пред сè! Но не за џабе викаат ‘човек на човек му е огледало’!

Среќен роденден, драг мој Бојан! И како вика онаа народната ‘сè проаѓа’, битно да си ми зив и здрав!

П.с Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија – пишаа во овој период, вие знаете кои сте! И на овој пост нема да толерирам негативни коментари на мојот профил!“, пишува Варошлија.