Дома Македонија Мицкоски: Денес живееме во време кога системот не само што не функционира,...

Мицкоски: Денес живееме во време кога системот не само што не функционира, туку систем воопшто нема

Статус на Христијан Мицкоски: ,,Вечерва бев на роденденот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. А Прилеп секогаш најверно се борел за слободата. Меѓу првите се кревал на пркост и отпор спрема неправдите, така било отсекогаш.

Денес живееме во време кога не е проблем што системот лошо функционира, туку главен проблем е што систем воопшто нема. А тој е атрофиран, ослабен до точка на недејствување затоа што криминалци го водат.

Нема друга држава каде власта наместо во борба против корупција води борба за заштита на криминалот. И додека криминалниот октопод блеска, владата непропушта да удира по идентитетот, историјата, иднината, по џебот на граѓаните.

Наша обврска е тоа да го промениме. Прилеп е на нозе, Прилеп се крева против неправдите, и Прилеп ќе победи затоа што за Македонија се работи. Честит роденден ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, заеднички да се избориме за Обнова на Македонија.”