Дома Останато Трифуновски: За да го оправдаат своето цицање пари преку невладини, сега бараат...

Трифуновски: За да го оправдаат своето цицање пари преку невладини, сега бараат да не се лета со авиони

Статус на Виктор Трифуновски: ,,Уште едно забегување на еко-фашистите. Малата ќе лета преку Атлантик, со порака: Луѓето помалу да користеле авиони. Во светот годишно постојат над 37 милиони летови со кои летаат преку 4 милијарди патници.

Луѓето стигнуваат онаму каде сакаат или имаат потреба, побрзо и поевтино од било кога. На тој начин се мешаат и доближуваат различните култури и цивилизации, кои понатаму стануваат потолерантни меѓу себе. Со авиони патуваат нашите производи кои ни го подобруваат животот. Кога се ќе додадете и одземете, авионскиот транспорт го подобрува животот на земјата, а не обратно.

За жал ЕУ и оваа година стипендира нови 27.000 „климатолози“ односно 27.000 нови еко-фашисти кои ќе шират зелена параноја и хистерија, ке не убедуваат со секакви графикони и ѓоа научни анализи… и се така секоја година уште повеќе и уште повеќе.

Ништо поразлични не се ниту зелените комуњари во САД, на чело со забеганата другарка Александра Оказио Кортез, која заговара глобална забрана на авиотранспортот и негова замена со „прекуокеанска железница“ и тоа на сончева енергија …тоа е технологија која ја нема ниту во експериментална фаза, односно НЕ ПОСТОИ!

Ваквите луѓе некогаш твреа дека доаѓа новото ледено доба, во кое земјата ќе се претворела во снежна топка…. па преминаа на „кисели дождови“ па на глобално затоплување, па во последиве години на „климатски промени“.

Нивното хистеришење станува се погласно, нивните теории стануваат се побројни, нивните жалопојни фантазии се поприсутни во медимумите. Се додека не ми објаснат зошто земјата никогаш НЕ стана ледена топка, како што некогаш тврдеа, се додека не ми објаснат како тоа исчезнаа „киселите дождови“ кои до сега требаше да спржат се живо на земјава, се додека не ми објаснат како тоа климата се менувала и пред појавата на индустријата (па дури и пред човекот)… се дотогаш нема да ги сметам за сериозни.

Нека си најдат друга работа, нека си го вадат лебот на друг начин…не ги слушајте, не им верувајте. Тоа е единствениот спас од нив.”

Loading...