Дома Македонија Најчевска: Не би била изненадена ВМРО да блокира улици, да вади народ...

Најчевска: Не би била изненадена ВМРО да блокира улици, да вади народ со сладолед и сендвичиња

Статус на Мирјана Најчевска:

,,Јас би била изненадена доколку ВМРО-ДПМНЕ смисли нешто оригинално и свое кое би било соодветно на ситуацијата. Би била изненадена на пример да направи некоја анализа, да даде проекција на иднината, да направи паралели. Би била максимално изненадена да понуди решенија.

А да блокира институции кои се обидуваат да профункционираат да работат и да блокира улуци и да вади народ со сладолед и сендвичиња, тоа е веќе видено и најверојатно е и највисок дострел на оваа партија кога е во опозиција.

Кога е во позиција си има други дострели ама на друго поле. На пример највисок дострел во крадење и во мамење и во манипулирање и во закопување на граѓаните во фекалии. Тука е недостижна.”

Loading...