Дома Македонија Македонците од Австралија се спремаат да го бојкотираат празнувањето на 8. Септември

Македонците од Австралија се спремаат да го бојкотираат празнувањето на 8. Септември

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн. Причината за ова е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името, се вели во соопштението на Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија, пренесува МКД.мк.

Традиционално за 8. Септември Македонците тие присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн и велат дека оваа година дека ќе ја бојкотираат оваа церемонија ако не им биде дозволено да го кренат знамето со сонцето од Кутлеш.

За тоа да биде спроведено, австралиските власти бараат дозвола од македонските дипломатски претставништва во таа земја. Ако Македонскиот совет тоа сака да го спроведе, тоа значи дека ќе мора да напише писмо до Конзулатот на Република Северна Македонија, со што индиректно ќе го признаат новото име.

„Тоа ние никогаш нема да го сториме. За нас ова е навредливо и понижувачки“, велат Македонците од Мелбурн.

Целиот текст прочитајте го на Прес 24

Loading...