Дома Балкан Пламен Павлов вели дека манастирот„Св. Јоаким Осоговски“, бил Бугарски

Пламен Павлов вели дека манастирот„Св. Јоаким Осоговски“, бил Бугарски

Историчарот Пламен Павлов од Бугарија, вели дека и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, како и неговиот патрон, се бугарски.

„Манастирот ‘Св. Јоаким Осоговски’, како и самиот негов патрон, се категоричен дел од бугарската историја и од нашето културно наследство. Во тоа не може да има никаков сомнеж“, изјави за бугарското радио Фокус професорот по историја на Византија и на балканските земји од 4 до 15 век на универзитетот во Велико Трново.

„Манастирот е деклариран за македонски од Република Северна Македонија, поврзуван е со различна историја од бугарската. Тоа е апсолутно неточно и невистинито“, дециден е Павлов.

Историчарот додава дека Јоаким Осоговски е еден од тројцата следбеници на Св. Иван Рилски, „така што тој до голем степен е продолжувач на бугарската духовна традиција од времето на Првото бугарско царство“.

Извор: Експрес