Дома Македонија Лупевска: Катица Јанева е дрска и безобразна. Ок Жане, но зошто порано...

Лупевска: Катица Јанева е дрска и безобразна. Ок Жане, но зошто порано не го кажа ова?

Снежана Лупевска Созен на својот профил на социјалните мрежи посвети статус на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева.

Таа истакна дека жали што многумина не препознаа дека Катица Јанева не е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста. За карактерот на Катица Јанева:

,,Никогаш не добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера.

Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова првпат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените.

Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги, напиша Лупевска на „Фејсбук“.”

После овој статус на Лупевска, се поставува само прашањето зошто до сега молчела за овој свој впешаток од Јанева, односно зошто порано не го споделила искуството со Јанева во јавност?