Дома Македонија Жителите на Охридски Велмеј вчера со камбани бараа спас од пожарот (ВИДЕО)

Жителите на Охридски Велмеј вчера со камбани бараа спас од пожарот (ВИДЕО)

Екипи на охридската територијална противпожарна единица постојано се во Велмеј. Повеќе пожарникари заедно со командирот Спасе Прентоски и претпладнево се таму. Прентоски во изјава за Супер радио и OhridPress информира дека состојбата се следи, се држи под контрола, таму се и служби од ЈП „Национални шуми“, јавните претпријатија од Охрид и Дебрца. Проблем и главоболки и натаму им создава ветерот, но будно следат што се случува и ги ставаат во функција сите расположливи средства.

На местото заедно со жителите е и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

– Пожарот сеуште не е изгаснат. И не велам дека на моменти ситуацијата не беше сериозна. Сериозна да, ама не и критична, апокалиптична. Целта на силите за гаснење беше да се изгасне огнот или да се спречи да се движи кон селото, но и да не се доведат во опасност животите на лицата кои гаснеа на тешкиот терен.

Одговорно тврдам дека, иако на моменти состојбата стануваше сериозна, во ниту еден момент непосредно не беше загрозен животот ниту на гаснителите, ниту на жителите на селото или нивниот имот. Крајно, некои ќе речат, зарем три дена не може да се изгасне пожарот.

Ако беше така лесно се ќе беше завршено. Верувајте, не е така лесно. И не Ви би посакал во животот да се најдете во вакво искушение. Впрочем, сведоци сме дека и во најразвиените држави има случаи вакви пожари со денови да се гаснат, напиша Ногачески на својот профил на социјалните мрежи.

Инаку вчера, жителите на Велмеј со помош на камбаните од селската црква бараа помош:

Публикувахте от Goce Totti Kuzeski в Сряда, 14 август 2019 г.

Loading...