Дома Балкан За сите кои ќе летуваат во Грција од денес до 20 август...

За сите кои ќе летуваат во Грција од денес до 20 август – важно известување

Во деновите помеѓу 14 и 18 август, на патиштата, плажите и летувалиштата ширум Грција се очекуваат многу поголеми гужви од вообичаените.

Грците денес го прославуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, ден кој е прогласен за неработен, а се претпоставува дека многумина ќе го поврзат и утрешниот ден со викендот.

Се препорачува да се избегнува Грција до 20 август. Доколку немате резервирано сместување, а особено ако патувате со мали деца, избегнувајте да одите, бидејќи многу тешко ќе најдете сместување.

Исто така, можни се и поголеми задржувања на граничните премини и на патарините, па имајте го и тоа в предвид ако овој викенд ваш избор се токму грчките плажи.