Дома Останато Никогаш не било поповолно да се дојде до стан во Данска –...

Никогаш не било поповолно да се дојде до стан во Данска – кредит без камата

Задолжувањето на жителите во Данска никогаш не било поевтино, а работата оди до буквално неверојатни размери – банката нуди станбени кредити со нулта каматна стапка или дури негативна.

Прв пат во историјата на данскиот пазар на хипотекарни позајмувања, Nordea bank Abp најави дека ќе почне да нуди станбени кредити на 20 години со фиксна рата на исплата, на која нема да наплаќа камата, пренесе Блумберг њуз.

-Никогаш не било поевтино позајмувањето-рекла Лиса Нитофт Бергман, главна аналитичарка на финансискиот огранок на Nordea bank во Данска за Блумберг.

-Очекуваме дека ова ќе допринесе на зголемување на цените на недвижнини-додала таа.

Истовремено, третата најголема банка во Данска, Jiske bank, им понудила на клиентите кредити на десет години по негативна каматна стапка од 0,5 отсто, што всушност значи дека клиентите ќе вратат помал износ.

На пример, ако сте купиле куќа за милион долари и отплативте хипотека целосно за десет години, на банката ќе и вратите само 995 000 долари, пренесува Бизнис инсајдер.

Loading...