Дома Балкан Томор Морина излезе од Шутка и веднаш замина за Косово

Томор Морина излезе од Шутка и веднаш замина за Косово

Не се исполнети условите Томор Морина да се екстрадира во Србија. Освен Кривичен, иста одлука донесе и Врховен суд. Поранешниот припадник на косовска ОНА, доцна попладнево излезе од притвор од Шутка и замина за Косово.

Со автомобили на косовската амбасада во Скопје тој беше пренесен до граничниот премин Блаце, од каде со неговите пријатели, кои исто така допатуваа во Скопје со свои автомобили замина дома.

Во реакцијата на косовскиот амбасадор во Скопје Ѓерг Дедај се вели дека правдата победила и воедно им се заблагодари на институциите во Северна Македонија за соработката. Томор Морина е добро и имал коректен третман во затворот во Шутка, велат неговите пријатели.

Пуштањето на слобода на Морина доаѓа откако Врховниот суд го потврди решението на Кривичниот суд дека не се исполнети условите за негова екстрадиција во Србија. Во образложението на решението е наведено дека лицето Морина чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не е на Србија.