Дома Македонија СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Вие ли најдовте да осудувате, лицемери едни

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Вие ли најдовте да осудувате, лицемери едни

Соопштение за јавност од СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за навреди и закани. 11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што премолчуваше, туку и директно промовираше насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници.

Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски беше изрично и отворено против одржување на Парадата на гордоста, а уште пожестоко се спротиставуваше на носење на Законот за заштита од дискриминација со која за првпат се воведе сексуалната ориентација како основа за дискриминација.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација. Единствените кои се во паника се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на кои од ден на ден им станува се појасно дека е невозможна одбрана на криминалот на режимот.

Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна.

Законите важат за сите подеднакво и не смеат и не препознаваат верска, национална, политичка или друга припадност.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од правдата.

Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта.