Дома Балкан Србија лидер во светот по влез на странски директни инвестиции

Србија лидер во светот по влез на странски директни инвестиции

Нашиот северен сосед, Република Србија се најде на првото место во светот во однос на директните странски инвестиции, објави денес истакнатиот британски „Фајненшл тајмс“.

– Одлуката на „Фајненшл тајмс“ да ја прогласи Србија за светски првак во привлекување странски директни инвестиции по втор пат во три години е резултат на спроведени реформи и потврда дека Србија денес е сосема друга земја од онаа под власт на сегашната опозција до 2012 година. – изјави српската премиерка Ана Брнабиќ за Танјуг.

Според најновата ранг-листа за 2019 година, објавена од специјализираниот сервис на „Фајненшл тајмс“ (ФТ), Србија е на врвот на рангирањето со индекс од 11,92 поени, што е за 1,33 индексни поени повисоко од минатата година.

Србија привлече околу 107 проекти за СДИ гринфилд инвестиции во 2018 година, што е за 26 повеќе од 2017 година, што претставува зголемување за скоро една третина.