Дома Македонија Пендаровски бара одговорност, независно кој сè е замешан

Пендаровски бара одговорност, независно кој сè е замешан

Кривична, но и политичка одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“ независно дали се обвинители, или политичари од власта и опозицијата или од било кои профили во јавната сфера.

Ова е пораката која шефот на државата Пендаровски ја испрати на првата пресконференција од Вилата на Водно. Одговарајќи на новинарски прашања, на кои посочи дека до сега имал само две кратки средби со првоосомничениот Бојан Јовановски ги повика обвинителите итно да го прекинат годишниот одмор и посериозно да се позанимаваат со случајот .

Порача дека како прв човек на државата ќе ги искористи сите законски и правни ингеренции за никој да не влијае врз работата на надлежните органи за да може случајот целосно да биде расветлен но и тврди сега е време земјава да покаже пред евроспката и меѓунароната јавност дека системот мора да профункционира .

Според Пендаровски, аферата може да ја чини земјава скапо на патот кон нејзините евроинтегративни процеси особено сега кога очекуваме датум за добивање на преговорите со ЕУ а од друга страна познат е скептицизмот кај одредени членки за проширувањето. Пендаровски тврди дека не се чул со Заев за да разменат мислења околу аферата но затоа вели јавно го изнесува својот став. Со порака и до специјалната јавна обвинителка во заминување која ја поддржуваше на почетокот кога застана на чело на СЈО.

Шефот на државата вели дека за сега не планира да го свика Совет за национална безбедност, бидејќи нема најави за влошување на безбедносната состојба, но и смета дека не е време за предвремени парламентарни избори додека не бидат затворени сите проблематични прашања вклучително и ова со „Рекет“.

Од ЈО пак денеска информираа дека обвинителката Русковска неделава се враќа на работа, но и велат дека и до сега работата на обвинителството течела во континуитет бидејќи обвинителите кои се на одмор имаат свои заменици.