Дома Македонија Латас: Чекам да видам што ќе превземе Бранко Црвенковски кој СДСМ го...

Латас: Чекам да видам што ќе превземе Бранко Црвенковски кој СДСМ го смета за свое дело

Колумна на Драган Павловиќ Латас: ,,…Чекам да видам и што ќе преземе Бранко Црвенковски. Да, да… тој Бранко Црвенковски кој се уште СДСМ го смета за свое дело, и свое дете, и нема да седи од страна и да гледа беден распад на партиската империја.

Бидете сигурни во тоа. Во тимот на Зоран Заев е неговиот кадар Зоран Верушевски, и ударот за политичко остстранување на Зоран Заев одвнатре ќе почне од Зоран Верушевски кој, и онака, не е доволно алиментиран од Заев за се што направи за него.

Пендаровски, носителот на златна маица на СЈО заедно со министерот Димитров – молчи. А не смее да ќути, датумот за почеток на преговори со ЕУ е дефинитивно урнисан со оваа афера на Владата, СЈО и Боки Тредичи. Албанија дури и ни се заканува ако почнеме преговои пред нив. После ова во Тирана можат да спијат на раат. Нема датум за преговори во октомври. Ни за нас, ни за нив.

Оваа видео серија не е крај. Како што напишав пред неколку недели, ова е почеток. Веќе од септември и октомври СДСМ ќе се пече на жежок оган од нови скандали со милиони евра, и овде но и од странство.

Со наместени судски процеси во кои државата губи милиони евра, а парите се делат со тужителот, со притисок власта да расчисти со нарко дилерите од Арачиново и Грчец кои на СДСМ му донесоа гласачи… по што Заев и оваа власт едвај ќе чекаат вонредни избори. Да се паметни, што побргу – за нив подобро, и со помала штета. Но, не се паметни.

Целата колумна прочитајте ја на vesnik.com