Дома Македонија Јоци: Прикаските на Ката и СДСМ не поминуваат, ама они се решени...

Јоци: Прикаските на Ката и СДСМ не поминуваат, ама они се решени да тераат вака

Јорданка Ивановска Јоци: ,,За оние кои не знаат – работа на новинарите е да бидат коректори на трулиот систем, да пишуваат и да туркаат влади, работа на обвинители и судии и е да ги стрпаат во затвор оние кои го уништуваат системот.

Новинари може со секој да седат на маса, и со пазарџии, и со службеници, и со министри, и со криминалци, и со милионери. Сите тие се викаат ,,извори” на информации. И новинарот има обврска да ги заштити своите ,,извори” на информации.

Обвинителите и судиите – не. Нивната работа се темели на строги правила и прописи, затоа што работата тоа го налага, да пазат со кого се дружат, седат, се слушаат, да не комуницираат со обвинети без адвокат, да бидат недопирливи.

Во една Америка, каде наша сињора се обучуваше, не е дозволено адвокат/обвинител да се сретне со член на порота ни на паркинг, камоли да се слуша по телефони.

Прикаските на Ката и СДСМ не поминуваат, разголени се целосно, но они се решени да тераат вака, психоделично, уште година најверојатно. И покрај тоа што ситуацијата ескалира од ден на ден, а државата тоне во жива кал.

Преку такво сте ни дојдени !”