Дома Македонија По повикот од Дорис Пак, со своја реакција се огласи и Јоханес...

По повикот од Дорис Пак, со своја реакција се огласи и Јоханес Хан

По откривањето на начинот на кој се одвивал рекетот од страна на Боки 13 се огласи и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Тој вчера беше повикан од германската политичарка Дорис Пак да преземе нешто во случајот во кој се вмешани и Катица Јанева и Зоран Заев, а утринава истото го направи и весникот „Ла Верита“ кој три дена по ред ги објавуваше видео снимките од изнудувањето на рекетот.

-Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања.

Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан.